Македонска премиера на филмот „Отворена врата“

Денеска на ИФФК „Браќа Манаки”, со почеток од 19 часот ќе се одржи македонската премиера на играниот филм „Отворена врата”.

Режијата на филмот е на Флоренц Папас, а зад продукцијата стојат имиња од Македонија, Албанија, Косово и Италија.

Филмот ја раскажува приказната за Рудина која е омажена и тргнува на долго патување со својата бремена сестра Елма, за да се сретнат со нивниот строг и традиционален татко во албанското село каде што обете се родени. По патот низ планините, Елма смислува план да го вклучи својот пријател од училишните денови да ја игра улогата на нејзин сопруг.

Улогите во филмот ги толкуваат Висар Вишка, Лули Битри, Јонида Вокши, Максел Гузја, Сотирак Братко, Елидон Алико и Гулијелм Радоја.

Проектот, својата светска премиера ја имаше пред еден месец на главната програма на Сараевскиот филмски фестивал.

Треба да знаете
Последни објави