Разочараниот хрватски фудбалски интернационалец Марио Манџукиќ кој го загуби првотимскиот статус во редовите на италјанскиот првак Јувентус, а не беше ниту пријавен за настапите во Лигата на шампионите, ќе ја лекува тагата со 6 милиони евра по сезона во катарскиот клуб Ал Гарафа. Манџукиќ веќе ја посетил новата средина.
Бескомпромисниот борец Манџукиќ се одлучил да се разведе со „старата дама“ поради одличната финансиска понуда.