Во градот Нагаока, Јапонија, компанијата „Такеру Шоји Аркитектс” изгради селска куќа која е всушност дрвена конструкција во облик на шатор, за брачна двојка и две деца.
Таа е сместена на семејниот имот како второ, алтернативно живеалиште, покрај главната куќа, работна куќарка и гаража. „Такеру Шоји Аркитектс” ја дизајнирале куќата како „непотполно” престојувалиште кое го поттикнува семејството да се потпира и на употребата на други, помали и „пооскудни” градби, заради „зајакнување на селското заедништво”.
Куќичката е направена да изгледа како голем дрвен шатор, затворен од едната страна. Внатрешниот простор главно го одликуваат дрвени површини, а пак, природната светлина влегува во куќата низ големи триаголни прозорци.
И декорот и мебелот се минималистички, но функционални, а сѐ е онака – традиционално и едноставно, како впрочем и повеќето современи домови во Јапонија.