Најмалку десет луѓе загинаа, а 15 се повредени во експлозија на автомобил бомба покрај една болница во сирискиот град Ал Раи, во близина на границата со Турција.
Локални функционери и здравствени работници соопштија дека во експлозијата е оштетена и болницата.
Градот Ал Раи се наоѓе во северозападниот дел на Сирија и е под контрола на бунтовниците кои ги поддржува Турција.
Турската државна агенција Анадолија јави дека во бомбашки напад недалеку од болницата во Чобанбеј (Ал Раи), во северниот дел на Сирија, загинале најмалку 12 лица, додека голем број се ранети.