Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи тргна во проверка дали институциите низ земјава ја применуваат двојазичноста со поставување на табли и на албански јазик. Според видеото што вицепремиерот го објави на својот официјален фејсбук профил, тој заедно со директорот Илбер Села ги проверуваат сите табли на институциите кои немаат натписи и на албански јазик.
Османи наиде на Агенцијата за администрација каде се гледа дека таблата е само на македонски јазик, па му се јавува на директорот за да провери до каде е работата со таблата на албански јазик.