Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со 63 патници потонал на реката Годавари, јави АФП, повикувајќи се на извештаи на локалните власти и медиуми.
На бродот „Ројал Вашишта“ претежно имало туристи кои оделе на патување во Раџамундра, во државата Андра Прадеш, а екипите за спасување и хеликоптерот биле испратени на местото на несреќата во потрага по преживеани, изјави висок полициски службеник.
Десетици тела на жртвите се пронајдени, а 17 патници се спасени, објави индиска агенција.Локалните медиуми објавија дека нивото на водата на реката Годавари, на кое се случила несреќата, расте од минатата недела и дека бродот е во сопственост на државата Андра Прадеш.
Агенцијата потсетува дека претоварувањето и непочитувањето на правилата за безбедност се вообичаени причини за несреќи на индиските реки, особено за време на монсунските дождови. Во несреќата на реката Бопал загинаа десетина луѓе минатата недела кога два бродови се превртеа за време на верска церемонија.