Род Стјуарт го победил ракот на простатата

Легендарниот британски музичар (74) Сер Род Стјуарт ја изненади пошироката јавност објавувајќи на добротворна вечера дека го победил ракот на простата.
– Никој не знае за ова и мислам дека е време да го споделим со вас. Победив сериозна болест и тоа од едноставна причина, ја открија многу рано. Мораше да се направат многу прегледи, изјави рок музичарот.

Ракот му бил дијагностициран пред две години.

-Ако останете позитивни, ако одработите  се што треба и ја задржите насмевката на лицето … Јас се лекувам веќе две години и среќен сум, драгиот Бог ме чува, рече Стјуарт.

Тој потоа ги повика мажите да се тестираат„Дечки, мора да одите на лекар“.

Род Стјуарт одржа говор во Вентворт, Сари, во друштво на поранешниот колега од бендот „Faces“, Рони Вуд, кој се лекувал од карцином на белите дробови.

Би-Би-Си пишува дека 11.000 мажи умираат секоја година во Велика Британија од рак на простата.

 

Треба да знаете
Последни објави