Во изминатите 2 години, Владата предводена од СДСМ преку конкретни мерки и политики покажа што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, што значи посветена работа за подобрување на условите во јавните здравствени установи.
Oд први октомври, се решава деценискиот проблем со недостиг на лекови. Веќе од следниот месец, со укинувањето на квотите за аптеките, лековите стануваат достапни во кој било ден од месецот.
Воведени се три нови инсулини. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, а до пред 2 години, тие добиваа лекови без сертификат за квалитет и без никаков ефект.
Воведовме 5 нови лекови за лицата со ретки болести и зголемен е буџетот за оваа намена. Со воведување задолжителен шест месечен платен стаж за младите лекари во висина од просечна плата на општ лекар, за првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Посветено работиме на унапредување на условите за работа на здравствените работници. Постојано ја покачуваме платата на здравствените работници. Најпрвин во септември 2018 година, 19.123 вработени во Јавните здравствени установи добија покачување од 5 отсто.
Во јануари годинава за 10 отсто се покачени платите на докторите специјалисти, за 5 отсто на медицинските сестри, и за 8 отсто на медицинските сестри кои работат во Клиничкиот центар.
Од овој месец следува дополнително зголемување за 5 отсто. Од први октомври се зголемува и капитацијата на матичните лекари, која пред повеќе од 10 години беше намалена и никогаш не беше достигнато нивото коешто беше претходно. Покрај зголемувањата на платите, зголемени се коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Донесен е и нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставаме на прво место. Започната е постапката за изградба на нов Клинички центар. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните со нов, модерен Клинички центар, а денес тој станува реалност и најголема гринфилд инвестиција во здравството. Ова се само дел од реформите во здравството што обезбедуваат поголема грижа за пациентите, подобри услови за работа на лекарите и унапредување на здравствениот систем. Продолжуваме со реализација на мерките што се во интерес на граѓаните, на лекарите и на здравствениот систем.