Скубе со „седумка“ си обезбеди место во тимот на колот од ЛШ

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе од редовите на европскиот, регионалниот и македонскиот ракометен првак Вардар, на стартот од новата сезона во елитното клупско натпреварување се најде во тимот на колото. Организаторот на играта на Вардар, Скубе имаше значаен придонес во триумфот на „црвено-црните” на гостувањето кај Монпелје (33:31). Скубе натпреварот го заврши со седум постигнати голови.

Тимот на колото во изборто на ЕХФ за првата рунда од ракометната ЛШ е следен:

Лево крило: Диого Бранкињо (Порто)
Лев бек: Никола Билик (Кил)
Среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
Десен бек: Мадс Кристијансен (Алборг)
Десно крило: Валентин Јонеа (Спортинг)
Пивот: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Голман: Андреас Волф (Кјелце).

Треба да знаете
Последни објави