Ставрев ќе дели правда во Киев

Македонскиот фудбалски интеранционален судија со знакот на ФИФА од главната листа Александар Ставрев доби нова обврска од УЕФА, да арбитрира меч од Лига Европа. Ставрев ќе го суди дуелот Динамо Киев и Малме, од 1. коло во групната фаза во второто по ранг натпреварување кој ќе се игра на Олимпискиот стадион во украинската престолнина в четврток.

Помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски, Дејан Костадинов, додека четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски.

 

Треба да знаете
Последни објави