Денеска е 100-от ден од протестите во Хонг Конг, што почнаа на 9 јуни и од тогаш воопшто не престанаа, и покрај бруталноста на полицијата во пресметките со граѓаните.
Граѓаните на Хонг Конг масовно излегоа на улиците во знак на протест заради усвојувањето на Законот за екстрадиција во Кина, но набрзо прераснаа во граѓански отпор и борба за послободно демократско општество.
Иако спорниот зкаон беше повлечен, Конг Конг и натаму врие.
Хаотично беше и изминатиот викенд, кога полицијата употреби водени топови, солзавец и гумени куршуми против демонстрантите кои ги блокираа патиштата и фрлаа молотови коктели пред зградата на локалната влада.
Илјадници антивладини демонстранти трчаа по улиците подметнувајќи улични пожари и блокирајќи патишта во срцето на оваа поранешна британска колонија, пренесуваат британските медиуми.
Силите за безбедност ги гасеа пожарите, а полицијата повторно употреби солзавец за да ги растури протестите и истера демонстрантите.
Полицијата на Хонг Конг утринава издаде соопштение во кое изрази „остра осуда” откако протестот, што почна мирно, прерасна во насилство во некои деловни, трговски и туристички делови на градот.