АФПЗРР: Почна аплицирањето за финансиска поддршка за произведени и предадени јаболки од реколта 2018- та

Од денеска до 15- ти октомври, сите кои произвеле јаболка во реколта 2018- та година и количините ги предале на регистриран откупувач во период од 12- ти октомври 2018- та година до 25- ти јуни 2019 – та година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за произведено и предадено јаболко. Сите кои произвеле и предале јаболки во регистриран откупувач по цена не повисока од 5 денари по килограм,  и во период од 12- ти октомври до 25 ти декември 2018- та година, ќе може да добијат финансиска поддршка од 3 денари по килограм.

Три денари по килограм, ги следува и оние земјоделци кои произведените јаболки ги предале по цена не повисока од 5 денари во преаботувачки капацитети во период од 26- ти декември 2018- та година до 25- ти јуни 2019- та година.

Аплицирањето за добивање на оваа поддршка, почнува денеска 16- ти септември и ќе трае до 15- октомври 2019 – та година. Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка, ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено јаболко во преработувачки капацитет. Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка, ќе можат да се обратат за помош во сите подрачни единици на МЗШВ.

 

Треба да знаете
Последни објави