Владата работи на проектите на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата, но во многу бавно темпо. Експресниот пат Штип – Радовиш е проект на ВМРО-ДПМНЕ, а власта три години ништо не правеше во однос на негова изградба.
Колку инфраструктурата и е важна на оваа власт, може да се види од ребалансот на буџетот, со кој тие скратија над 50тина милиони евра од ставката капитални инвестиции.
Со делот кој СДСМ го скрати од ставката капитални инвестиции за оваа година, можеше во целост да се изгради патот Штип – Радовиш, да се направи уште еден Клинички центар како тој во Штип, кој еве трета година не можат да го направат, но СДСМ на развој фрла пари на популизам.
На Зоран Заев и Горан Сугарески им помина цел мандат, а не направија ништо за граѓаните.
Заев и Сугарески треба да знаат дека нивното време поминува и треба ефективно да го искористи во некочење на проектите почнати уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Време е за одговорност и наплата за сета неработа. Време е за предвремени парламентарни избори час поскоро.