СДСМ со соопштение за јавност регира на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„По сиот пустош што го остави зад себе во економијата ВМРО-ДПМНЕ денес нема никаков кредибилитет да зборува за управувањето со јавни финансии.
За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите од тајните и скапите задолжувања се трошеа на барок, споменици и жални врби, денес парите се насочуваат кон граѓаните и нивните потреби.
Реалните податоци ги демантираат лажните вести и обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ
Јавниот долг од 2017 година, бележи тренд на намалување. Ако на крајот од 2016 година изнесувал 48,8 отсто, на крај на јуни 2019 година тој изнесува 46,6%, што е далеку под 50 отсто како што лаже ВМРО-ДПМНЕ кои ги наведуваат од партијата.
За разлика од сега кога долгот е стабилизиран, во периодот од 2008 до 2016 година јавниот долг беше брзорастечки и порасна од 23% на 48,8 отсто поради неодговорните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денес државните хартии од вредност се издаваат по два три пати пониска каматна стапка, односно по поевтина цена се рефинансираат стари наследени долгови.
Нето задолжувањето сега е 58 милиони евра и е три пати помало во однос на она што е планирано со буџетот за 2019. Исто така, тоа е 8 пати помалку од нето повлекувањето на Владата предводена во 2012 година кога нето повлекувањето изнесувало 446 милиони евра.
Огромна е разликата помеѓу расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат еконмски раст и развој, одговорно управување со долгот и повисок животен стандард за сите“.