Шпанскиот голман Давид Де Геа, официјално го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до јуни 2023 година.
Де Геа кој има 28 години, дојде во редовите на „црвените ѓаволи” од Атлетико Мадрид во 2011 година и има 367 настапи. Најзначајни трофеи што ги освои му се Премиер лигата во сезоната 2012/2013, и Лига Европа во 2016/2017.
Во 2015 година, тој беше многу блиску до преселба во Реал Мадрид, но договорот пропадна поради ненавремено испратен факс во последните минути од преодниот рок. Преговорите околу овој нов договор траеја две години и конечно е договорено тој да остане на голот на Јунајтед уште најмалку четири години.