Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денес ќе го посети Берлин и ќе се сретне со неговиот германски колега Хајко Мас.
Како што соопштуваат од грчкото МНР, во фокусот на разговорите ќе се најдат билатералните прашања од европски и регионален интерес, како и европската перспектива на земјите од западен Балкан, ситуацијата во источниот Медитеран и Егејското море и мигрантското прашање, но и дополнително зајакнување на билатералните политички, економски и трговски односи, jави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија, за време на посетата на Берлин ќе биде примен и од претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле.