Реал Мадрид планира да ги помести границите на трансфер пазарот со понудата за младиот францускиот репрезентативец од редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе. За да го натера ПСЖ да го продаде својот напаѓач првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да плати 225 милиони евра отштета и дополнителни 50 милиони евра во бонуси, со што ова ќе стане најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Сега со 222 милиони евра прв на листата најскапи трансфери е Нејмар при преминот од Барселона во ПСЖ.
Најтрофејниот тим со европски шампионски титули Реал веќе ги догворил и личните услови на Мбапе, кој со преселбата на „Сантијаго Бернабеу“ би добивал плата од 35 милиони евра и пополнителни 5 милиони за бонуси во зависност од освоените титули. Со овие услови Мбапе би станал најплатениот фудбалер во светот.
Овој рекорден трансфер Реал планира да го реализира следното лето.