На делница од патот Радовиш-Струмица во должина од 5,5 километри се поставува нов слој асфалт, информираат од ЈП за државни патишта. Од излезот на Радовиш до клучката кај селото Воиславци се отстранува дел од асфалтниот слој и ќе се постави нов со дебелина од плус пет сантиметри, односно вкупно 11 сантиметри.
Работите на овој дел од патот почнаа на 10 овој месец и според информациите од државното претпријатие се планира да завршат за 30 денови. За поставувањето нов асфатен слој и рехабилитација на оава делница ќе се потрошат 46 милиони денари. Инаку, со иструганиот асфалт се врши тампонирање на улици во селото Сулдурци, а планирано тоа да се направи и селата Калугерица и Воиславци во општина Радовиш.