Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека сè уште не знае кога ќе се врати на терените. Поради повреда на рамото, Србинот се повлече од УС Опен и продолжува да се опоравува.
Првиот светски рекет се надева дека ќе може да се врати на теренот на крајот на овој месец.
– Повредата беше посериозна отколку што мислев. Се надевам дека можам да закрепнам брзо. Би било идеално да се дојде до турнирот во Токио на 30 септември. Но, ми треба барем уште една недела за да увидам како се одвива закрепнувањето, изјави Ѓоковиќ.