Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изразува загриженост и револт поради хроничната неработата на Шилегов и урбаниот и сообраќаен хаос поради што се загрозува безбедноста на велосипедистите и пешаците.
Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта.
Додека секаде низ Европа велосипедистите уживаат привилегии, само во Град Скопје под управа на Шилегов тие се загрозена категорија учесници во сообраќајот. Две години Шилегов потроши на планирање и правење на стратегија, додека велосипедски патеки има се помалку, а урбан бетон се повеќе.
Се што вети крадоначалникот Шилегов неисполни за велосипедистите.
-Пред изборите вети и неизгради нов велосипедски и пешачки натпатник кај Алкалоид во Гази Баба.
-Вети и неисполни велосипедска патека на улицата Орце Николов.
-Шилегов вети и неисполни нова велосипедска патека кај реката Лепенец и реката Вардар во делот на Ѓорче Петров.
-Шилегов вети и неисполни велосипедски и пешачки мост во Аеродром.
-Шилегов вети и несполни нов железнички надвозник за велосипедисти и пешаци во Даме Груев.
-Шилегов вети и неисполни изградба на велосипедски рути од Кисела Вода кон Карпош и Ѓорче Петров, од една страна, и од Бутел, низ Чаир, до Центар.
Наместо да мавта со документи и планови Шилегов треба да ги засука ракавите и да започне да работи.
2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа.