Во текот на 16.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 19 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 64 мандатни платни налози, а 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.