Саудиска Арабија сè уште не одговорила на понудата на претседателот Владимир Путин да го купи рускиот ракетен систем С-400, соопшти Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва сè уште не добила официјално барање од двете страни да посредува меѓу Саудиска Арабија и Иран по нападот врз саудиските нафтени објекти, пренесува „Ројтерс“.
Според него, Москва нема добиено нови информации за нападот, што би помогнало да се донесат конечни заклучоци за инцидентот.
„Ние не фаворизираме никакви предвремени заклучоци и обвинувања за тоа кој е одговорен за овој напад“, рече Песков пред новинарите.