Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на Светската здравствена организација објавена по повод Светскиот ден за безбедност на пациентите.
Четворица од десет пациенти доживуваат некој вид штетни последици во амбулантите и болниците, а 134 милиони штетни реакции на лекови се регистрираат секоја година во болниците во средно развиените и неразвиените земји.
Според епидемиолошките податоци, ненамерната штета кај пациентите поради грешка во текот на лекувањето во болниците се појавува кај осум од 12 отсто од хоспитализираните пациенти. Големиот број такви случаи може да се спречи, порачува Светската здравствена организација, која започнува кампања за подигнување на свеста за безбедноста на пациентите и создавање сигурна здравствена заштита.
За сигурна здравствена заштита, според нив, потребно е добра организација, вработување квалификувани здравствени работници и ефикасно вклучување на пациентите во грижата за сопственото здравје со оглед на фактот дека анкетите укажуваат на недоволно или проблематично ниво на здравствена писменост речиси на половина од анкетираните Европејци.
Речиси 60 отсто од анкетираните веднаш по посетата на лекар не ги разбираат упатствата за земање на препишаниот лек, а во Европската Унија просечно 548 луѓе дневно умираат поради неправилно земање лекови.