Изненадувачки резултат ја отвори групата Ф од фудбалската Лига на шампиони, откако вечерва во Милано, Славија Прага ремизираше 1-1 против Интер.
Во вториот меч од оваа група, во 21 часот играат Борусија Дортмунд и Барселона, кои сега после киксот на Интер, стануваат фаворити за пласман во следната фаза. Голот за чешкиот тим беше дело на Нигериецот Питер Олајинка, а изедначи Николо Барела во 92 минута.
Во терминот од 18.55 часот, Лион и Зенит одиграа 1-1.
Остантите двојки од вечерашната програма од првото коло се: Ајакс – Лил, Бенфика – Лајпциг, Челзи – Валенсија, Наполи – Ливерпул и Салцбург – Генк.
Утре на програмата се уште осум натпревари, а дерби дуели се Атлетико Мадрид – Јувентус и ПСЖ – Реал Мадрид.