Можностите за инвестирање во земјава презентирани пред стопанственици во Индустриската комора на Истанбул. Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска осврнувајќи се на владиниот План за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите истакна дека Владата на Република Северна Македонија овозможува сериозна финансиска поддршка во сите елементи од кои зависи успешноста на еден инвестициски проект на која било компанија, домашна или странска.
– Врз основа на законски втемлени, транспарентни, прецизни и јавно достапни критериуми доколку одлучите своите производствени капацитети да ги проширите во Северна Македонија, може да очекувате конкретна поддршка за капитални инвестиции во набавка на машини и опрема, за отворањето на добро платени работни места, доколку пак во вашето работење воспоставите соработка со домашни компании и ги вклучите во добавувачките ланци, во овој сегмент исто така може да очекувате финансиска поддршка, рече министерката Апостолска и нагласи дека за стабилните и стимулативни инвестициски услови во земјава укажуваат и реномираните меѓународни организации кои ги нотираат економските успеси во делот на странските инвестиции, порача Апостолска.
Повикувајќи ги компаниите од комората во своите идни бизнис планови да ја вградат Северна Македонија како атрактивна и стабилна инвестициска дестинација, министерката Апостолска нагласи дека традиционално добрите трговски односи со Труција, надополнети со стабилното и предвидливо деловно опкружување во кое Владата води активни политики на директна поддршка на инвестициите, создаваат атрактивен амбиент за компаниите од Истанбул својот интерес за инвестирање да го препознаат во нашата земја и да дадат позитивен инпут во понатамошното зголемување на економската и инвестициска соработка помеѓу двете земји.
Во комората членуваат над 20 илјади компании. Посетата на Апостолска, која епридружувана од градоначалникот на Општина Гази Баба Борче Герогиевски, се реализира на покана на Индустриската комора.
Градоначалникот на Оштина Гази Баба, Борче Георгиевски на средбата со претставниците на Индустриската комора на Истабул ги претстави економските и инфраструктурните услови што општината ги нуди како инвестициски амбиент за странските компании.
Во рамки на дводневната работна посета министерката Апостолска реализираше и одделни работни средби со претставници на неколку реномирани турски компании од Истанбул, на кои се разговараше за економските услови во земјава и можности за реализација на конкретни инвестицски проекти од нивна страна.