Охрид по четирите сатартни порази во новата второлигашка фудбалска конкуренција ќе треба да си побара нов тренер. Драган Бочески одлучи да ја напушти клупата на Охрид. Во групата Запад, Охрид е последно пласиран.
Бочески по поразот во Дебар од Кораб во третото коло, средбата со Пелистер ја проследи од трибините но ништо не се смени на теренот. Охрид доживеа нов и тоа убедлив пораз (1:5). Тимот го водеше неговиот помошник Марино Маркоски. Раководстовото на Охрид час поскоро треба да го побара новиот стартег кој ќе има задача да ги извлече охриѓани од опасната зона, а веќе во наредното коло му гостуваат на Кадино, кој истотака е без освоени бодови по четири одиграни кола.