Иако производителите се обидуваат на различни начини да ги приближат своите производи до клиентите, се чини дека, барем според истражувањето на „Форд“, потрошувачите, сепак, имаат многу за да учат, а производителите ги чека процес во кој ќе треба на подобар начин да ја доближат својата технологија до клиентите.
Поточно, според студијата спроведена од страна на „Форд“ во САД, Европа и Кина, дури 42 проценти од Американците се убедени дека електричните автомобили сè уште треба да ги посетуваат бензинските пумпи да наполнат гориво.
Освен тоа, дури 67 отсто од европските испитаници и 68 проценти од испитаниците во САД веруваат дека приколки или товар не можат да се влечат со електричните автомобили. Покрај тоа, дури 80 проценти од анкетираните Американци не би купиле електричен автомобил заради екстремните временски непогоди.
Нелогичните и неточни заклучоци продолжуваат па дури 90 отсто од анкетираните веруваат дека електричните автомобили немаат добро забрзување и не можат да уживаат во задоволството од возењето.