Манекенката и актерка Монтија Сабаг го тужи комичарот Кевин Харт за 60 милиони долари бидејќи, како што тврди, актерот ја снимал тајно во 2017 година. Харт тогаш ја изневерил својата бремена сопруга со Монтија (28), за што јавно се извини.
Монтија тврди дека спиела со Харт три пати додека престојувала со него во Лас Вегас во август 2017 година, но признава дека немала поим дека камерите биле скриени околу станот на Харт.
Триминутната снимка, на која се гледа манекенката од половината надолу, беше објавена во септември 2017 година.
Џексон е уапсен и обвинет за изнуда.
Монтија тврди дека Харт, кој претрпел сериозни повреди во сообраќајна несреќа на почетокот на септември, се обидувал да го зголеми својот публицитет пред својата турнеја. Манекенката го тужи за небрежност и нарушување на приватноста и бара 60 милиони долари, пренесува „Дејли мејл“.
По скандалот, Харт беше принуден јавно да се извини пред својата бремена сопруга Енико и децата што ги има од претходниот брак. Потоа тврдеше дека некој сакал да го искористи финансиски.
Монтија претходно негираше дека е вмешана во какви било уцени, велејќи дека нема поим дека ја снимаат. „Не сум изнудувач, не сум стриптизета – јас сум музичарка и актерка“, рече таа, додавајќи дека не прекршила никакви закони и дека немала никаква врска со овие снимки.
Според ТМЗ, Кевин, кој закрепнува од сериозна несреќа, нема да ѝ плати ниту денар на Монтија.