Приказна како од пеколот. Мајка ја продала својата 14 годишна ќерка на макроа за да се проституира. Причината била враќање на долгови. Како што објави ТВ Стар, 14-годишна скопјанка три години била во ланецот на присилната проституција. Нејзината биолошка мајка ја продала на макро во Шведска, каде тогаш 11-годишното дете сексуално ги задоволувало своите клиенти. Неа мајка и за 5000 евра. По неколку месеци, полицијата ја затворена ја нашла во подземни простории по што била екстрадирана во Македонија.
Овде, агонијата на девојчето продолжила бидејки на проституција била приморувана од сопствената мајка и братот.
„ Секој ден плакав и ги молев повеке да не одам по хотели во и околу Штип но тие никако не ме разбираа дека неможам. Постојано ме убедуваа дека доколку престанам со таа работа за леб ке нема никој во семејството“, изнело детето пред надлежните.
Сепак, освен за егзистенција, со парите од ноќната работа детето на мајка и отплаќала и големи долгови кон лихвари од Штип. Парите, како што изјавило девојчето, во истиот момент биле предавани на мајка и а често се случувало во раните утрински часови пред вратата да чекаат и лихварите. Во текот на 24 часа мајката на детето заедно со лихварите му обезбедувале од 3-4 клиенти а цената била од 1.000 до 1.500 денари. Воглавно, тоа биле средовечни и постари мажи на чии имиња таа не ги знае но тврдела дека може да ги препознае.
Ужасната приказна детето ја завршило само откако решило на робувањето да му стави крај. Случајот самата го пријавила кај надлежните служби по што таа е сместена во Центар за згрижување во Скопје. Наводите од нејзината изјава се утврдуваат и претстои истарга и одговорнсот за сите инволвирани.
Но, како што малолетниката изнела, таа не е единстевниот случај во мрежата на малолетнипката проституција. Случаи како нејзиниот во Штип имало и други а присилените деца на проституција клиенти пречекувале низ целата држава и надвор, велат нашите добро упатени извори .