Неизвесно е кој ќе биде премиер на Израел, откако излезните анкети по денешните избори покажа мртва трка меѓу досегашниот премир Бенјамин Нетанијаху и лидерот на опозицијата ,Бени Гац.
Партијата Ликуд на долгогодишниот премиер, Бенџамин Нетанјаху, заостанува малку зад опозицискиот сојуз, партијата ,,Сино-бели” на поранешниот воен командант Бени Ганц на две анкети, додека во третата, обете страни се целосно рамноправни.
За мнозинството во парламентот се потребни 61 пратеник, при што двајцата главни ривали освојуваат нешто повеќе од 30, така што во секој случај ќе бидат принудени да бараат коалициски партнери меѓу помалите партии, но кој и да има повеќе места ќе биде клучен во одлучувањето за мандатар.
Нетанјаху е израелски премиер со најдолг стаж, но доживеа еден од најголемите неуспеси во кариерата во април кога не успеа да формира нова влада и покрај тоа што Ликуд и неговите сојузници освоија најмногу пратенички места.
Не сакајќи да ризикува, претседателот Рувен Ривлин да му понуди мандат на некој друг, Нетанјаху, кој може да биде обвинет за корупција во наредните недели, одлучи да распише нови избори.
Гласачките места беа отворени во 7 часот наутро и се затворија во 22 часот по локално време. Право на глас имаа околу 6,4 милиони гласачи. Околу 18.000 полицајци учествуваа во обезбедување на 10.700 избирачки места.