Пред околу еден час избувна голем пожар кај манастирот „Свети Димитрија” кај прилепското село Селце.
Пожарот се прошири накај блиската борова шума и засега нема опасност за манастирот.
Единицата на прилепската Противпожарна единица е во манастирот на терен, а поради страв пожарот да не го зафати манастирот покрај пожарникарите се ангажирани и вработени во јавните претпријатија.
Се очекува интервенција на авиони канадери за гаснење на пожарот.