Српската полиција уапси Мaкедонец и заплени арсенал оружје во неговиот стан
Полицијата во Пожаревац го уапси П.С., 29, државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи и загрозување на безбедноста.
Се сомнева дека тој дошол пред куќата на педесет и седумгодишна жена во Пожаревац, барајќи да го види нејзиниот сопруг кој не бил таму, како и дека ја удирал влезната врата, соопшти МУП.
Полицијата наскоро го пронашла и му одзела два пиштоли, додека при претрес на станот во Пожаревац, каде што осомничениот престојувал непријавен, пронашле уште еден пиштол, придушувач и неколку парчиња муниција.
Осомничениот е задржан во траење од 48 часа, по што со кривична пријава е изведен во Вишото јавно обвинителство во Пожаревац.
Судијата му одредил казна притвор во траење од 30 дена.