Србите Ѓорѓе (21) и Звонко (45), татко и син, уапсени се под сомение дека на 6. јули во Париз го убиле Усман С. (20) за време на криминална пресметка на две банди на нарко-дилери, објави „Блиц“.
Постојат сомненија дека на убиството и претходела расправија на таткото и синот со група на повеќе лица, а Србите по убиството побегнале од Франција.
На кобната вечер, Србите дошле на една улица во Париз, а групата на млади лица веќе стоела таму. Настанала расправија и метеж, а брзо потоа се слушнале и истрели. Усман С. бил погоден во глава. По нападот, напаѓачите влегле во автомобил и комбе и избегале од местото на настанот,пренесуваат француските медиуми.
Пријателите ранетото момче го ставиле во автомобил и го пренеле во болница, но тој по четири дена починал. Исто така, во оваа пресметка е повредено уште едно младо лице, пријател на Усман, со што неговата здравствена состојба засега е стабилна.
Набрзо по настанот, надлежните дошле до информации дека станува збор за пресметка.
Постојат сомненија дека таткото и синот од Србија припаѓале на една банда која која препродава наркотици, додека убиеното момче припаѓа на друга. Наводно, вечерта тие се сретнале за да расчистат сметки околу превласт на територија, пишуваат локалните медиуми.
Според „Блиц“, кој се повикува на француски медиуми, Звонко и синот Ѓорѓе се обиделе некако да стигнат до Србија, но не успеале.