Во масовна гробница во Мексико пронајдени 29 тела

Во масовна гробница во Мексико пронајдени се 29 тела, спакувани во стотина пластични кеси, соопштија локалните власти.

Државниот обвинител на Халиско Герардо Солис на прес-конференција соопшти дека истражителите пронашле 13 целосни и 16 нецелосни тела.

Во првата половина од годината, стапката на убиства во Мексико се зголеми на рекордно ниво, а само минатата година беа евидентирани 29.111 убиства.

Треба да знаете
Последни објави