Општина Кисела Вода и ЈП ,,Комунална хигиена” – Скопје, по повод Светскиот ден на чистењето ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад – стар мебел и отпадот од електронската опрема и електричната опрема на територија на општината. Акцијата ќе се спроведе во период од 21.09.2019 година (сабота) до 24.09.2019 година (вторник)
ЈП,,Комунална хигиена” – Скопје ќе постави три специјални садови (контејнери), во кои граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад на следниве локации :
– Кисела Вода – контејнерот ќе биде поставен на ул.14 Декември – кај ,,Гет Кафе” (до контејнерите)
-11 Октомври – згради – контејнерот ќе биде поставен во ,,Парк Пушкин” (кај контејнерите)
– населба Драчево – контејнерот ќе биде поставен на ул.Ратко Митровиќ – кај Спортската сала)
Ги замолуваме сите граѓани отпадот да го одлагаат во точно предвидените термини и локации.
Вон определениот датум не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.
Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад ( мебел, електронска и електрична опрема.