Кривични за четворица скопјани за поседување марихуана

На 17.09.2019 во 22.55 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Јордан Мијалков“, го привеле Д.Р.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 17.09.2019 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Перо Наков“, го привеле Н.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 18.09.2019 во 04.20 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Трета македонска бригада“ ги лишиле од слобода А.Н.(33) и М.А.(21), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.09.2019 во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ф.В.(19) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави