Поради лошиот старт во второлигашката фудбалска конкуренција, група Исток, кочанскиот лигаш Осогово и тренерот Александар Андов ја прекинаа соработката. До изборот на нов тренер екипата ќе ја води досегашниот помошник во стручниот штаб Кире Георгиев. Во првите четири кола Осогово нанижа четири порази и е последнопласиран тим, единствен без освоен бод.
-Младиот и перспективен тренер Александар Андов ја предоводеше екипата и во претходната сезона во која постигна задоволителни резултати и со нашиот тим се пласира од Третата во Втората лига. По четирте порази покажа доблест како голем тренер и човек и ги прифати последиците од негативниот период на тимот и тоа е најдоброто прифатливо решение се вели меѓу другото во соопштението на ГФК Осогово во кое му се заблагодаруваат за стореното во клубот.