Вработена на висока позиција во даночната управа на Шпанија и уште три лица успеале да ги земат податоците на 38 врвни спортисти и од нивните сметки да украдат 6,2 милиони евра.
Осомничените преку лажиран поврат на ДДВ незаконски присвоиле 6,2 милиони евра. Меѓу ограбените се натурализираниот хрватски кошаркар Донтаје Дрејпер, босанскиот фудбалер Емир Спахиќ и словенечкиот кошаркар , Мирза Бегиќ.
Најмногу е оштетен турскиот интернациоанлен фудбалер Нури Шахин , од кого се украдени 1.212.158 евра за периодот додека играл во Реал Мадрид.
Леонор Санчез-Кабаљеро е обвинета дека во соработка со тројца мажи , од кои двајцата адвокати, ги искористила доверливите податоци врз основа на кои тие фалсификувале документи, потписи на спортистите и налози за испалта во периодот од февруари 2015 до ноември 2016 година.
Барањето за поврат на данок било испратено преку две компании , на кои даночната служба им ги исплатила парите. И тие се обвинети за соучесништво во измамата.
Обвинетите се соочуваат со затворска казна од девет до 11 години.