Tринаесетгодишно девојче со повреди здобиени од пад, вчеравечер било пренесено во гостиварската болница.
Според информациите од полицијата, околу 22 часот и 15 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека половина час пред тоа од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица паднало 13-годишно девојче. Девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската Oпшта болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на случајот.