Рајанер планира да укине 500 до 700 работни места

Нискобуџетната ирска авиокомпанија „Рајанер” планира да укине 500 до 700 работни места, најави денеска извршниот директор Мајкл О`Лири.

– „Рајанер” има повеќе од 500 пилоти, рече О`Лири, истакнувајќи дека планира да укине од 500 до 700 работни места, меѓу кои и неколку во седиштето на компанијата во Даблин.

Тој додаде дека на некои работници им е понудено неплатено отсуство од 12 месеци, додека други може да започнат да добиваат известување за отказ веќе од следната недела.

„Рајанер” во Европа вработува околу 17.000 работници, а управата во јули предупреди дека може да укине дури 900 работни места.

Во изминатите две години цената на акциите на „Рајанер” е речиси преполовена поради низа судири со синдикатите и доцнење на летовите поради приземјувањето на Боинг 737.

О`Лири во февруари најави дека ќе остане уште пет години во најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија. Компанијата ја води 25 години.

Треба да знаете
Последни објави