Севилја се врати во Лига Европа да го порави рекордот со освоени титули

Денеска почнува новата сезона во второто по ранг клупско европско фудбалско натпреварување Лига Европа. Во два термини од 19 и 21 часот ќе се одиграат 24 натпреаври, по два од 12 групи во колку се поделени учесниците во лигашкиот дел, меѓу кои се најдоа и тимовите кои неуспеаја да си обезбедат место во елитното натпреварување Лигата на шампионите.

Во второто по ранг натпреварување шпанскиот тим Севилја, кој е рекордер со освоени пет титули во ова натпреварување од кои три последователно со хет-трик во 2014, 2015 и 2016 година влегува со истата амбидииција да докаже дека е специјализиран за освојувањето на ЛЕ. Шпанскиот состав првиот сериозен тест вечерва го има на гостувањето кај Карабах, каде треба да ја докаже фаворитската улога.

Конкуренцијата сезонава за трофејот ја зголемуваат англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед и Арсенал, италјанските калчолигаши Лацио и Рома…

Треба да знаете
Последни објави