Денеска во касарната „Јане Сандански” во Штип се одржа показна вежба „Национален одговор 2019″ во организација на општинските, регионалните и државните сили за заштита и спасување, каде на увид на јавноста беше подготвеноста и добрата координација на повеќе одговорни институции, во моменти на вонредна состојба.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со делегација од Општина Штип, беше присутен на оваа практична вежба и имаше свое поздравно обраќање.
„Нашиот денешен собир по повод реализацијата на показната вежба „Национален одговор” е показател на подготвеноста и одговорноста со која институциите одговараат на предизвиците, но исто така и на напредокот којшто сите заеднички го постигнавме во изминатиов период. Презедовме значајни чекори во сите области и повторно ги оспособивме институциите да ги реализираат суштинските цели на правилен, одоговорен и ефикасен начин.
После толку години, конечно се решени проблеми од егзистенцијална природа за функционирањето и оперирањето на нашите институции,” истакна градоначалникот Бочварски во обраќањето .
Општинскиот штаб за заштита и спасување во секој момент располага со повеќе од 150 луѓе на терен, за чистење на каналите беа ангажирани багери-ровокопачи, камиони-кипери, утоварачи и тим за изработка на насипи. Со оваа вежба се покажа способноста на општинските сили и добрата координација со останатите институции.
фото: Слободан Ѓуриќ