Во Црна Гора уапсени Хрвати кои шверцувале тон кокаин од Карибите

Црногорската полиција во Тиват уапси двајца државјани на Хрватска врз основа на налог од Интерпол, издаден од португалската полиција.

Хрватите на возраст од 46 и 53 години се осомничени за шверц на повеќе од еден тон кокаин, односно се барани за кривична постапка под сомнение за трговија со дрога, пренесе порталот „Индекс“.

„Според сомнежите, на 23 јуни минатата година, тие двајца од Карибите до Португалија транспортирале кокаин скриен во внатрешност на брод. Португалската полиција тогаш пронашла и запленила вкупно 1.200 килограми кокаин“, се вели во соопштението на црногорските надлежни органи.

Акцијата за апсење била спроведена во соработка меѓу службите на Португалија и Хрватска, а била реализирана од припадници од секторот за организиран криминал и корупција на црногорската полиција.

Треба да знаете
Последни објави