Дендиас со амбасадорите на земјите членки од ЕУ на појадок разговарал за Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, утрово присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Атина, организиран од амбасадата на Финска по повод финското претседателството со унијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Западен Балкан била една од темите за кои станало збор на работниот појадок, како што објави шефот на грчката дипломатија на социјалните мрежи.

-Разговаравме за европски и регионални теми, како и за Западен Балкан и Источниот Медитеран, напиша Дендиас на Твитер и Фејсбук и сподели фотографии од работниот појадок.

Треба да знаете
Последни објави