Од квалификациска група Г за ЕП-2020 година, Полска и натаму е најдоброто рангирана репрезентација на 22. место. Следува Австрија на 27.место, Словенија направи скок од пет места и сега е 58.место, Израел има пад од две места и е на 86. позиција, додека Летонија очекувано е најслабата селекција во групата со пласманот на 139. место, што е послабо за пет позиции од последното сумирање на резултатите.
Противник во полуфиналето од баражот од Лигата на Нации, Косово стигна до најдобриот ранкинг во историјата и се сега на наоѓа на 119. место. Доколку Косово преку квалифиакциската група А, каде моментално е третопласиран, обезбеди пласман на ЕП, тогаш во полуфиналето ни доѓа многу полесен ривал иако е рангиран на подобра позиција 109. место, Азербејџан.
Белгија останува на врвот, додека Франција се искачи едно место и сега е втора на сметка на Бразил. Англија останува на четвртото место, пред Португалија и Уругвај, а најдобрите десет светски селекции ги комплетираат Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.