Средба на МНР Димитров со претставници на Советот на Амбасадори

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари средба со претставници на Советот на Амбасадори. Министерот го поздрави формирањето на Советот и подготвеноста на поранешните Амбасадори своето богато дипломатско искуство да го стават во функција на афирмација на Република Северна Македонија и нејзината надворешна политика.

Амбасадорите Љупчо Арсовски, Мухамед Халили,  Александра Накева-Ружин, Благородна Мингова и Агим Лека го запознаа министерот Димитров со мисијата на Советот и неговите претстојни активности. Во текот на средбата, беа разменети ставови во однос на актуелните состојби врзани за европската и евро-атлантската интеграција на нашата земја и воедно беше договорена натамошна  блиска соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадорскиот Совет.

Треба да знаете
Последни објави