Трофејот од ракометниот Супер куп за Вардар

Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар по трет пат го освои Супер купот, откако синоќа во Куманово го совлада освојувачот на купот Металург со 26:24.

Предноста од шест голови (16:10) што „црвено-црните” ја стекнаа во првото полувреме се покажа како решавачка за конечниот исход.

Најефикасни во победничкиот тим беа Сергеј Горпишин со шест и Тимур Дибиров со пет погодоци, додека кај металурзите се истакна Стефан Додиќ со пет голови.

 

Фото: 24 Ракомет

Треба да знаете
Последни објави