Капитенот на македонската одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев, еден од најдобрите поентери по групната фаза на Европското првенство кое се одржува во четири земји на Стариот континент ги охрабри неговите соиграчи и сите љубители на одбојката во земјава по дебитантскиот настап на „црвено-жолтите“ кој заврши по групната фаза.
–Благодариме луѓе, благодариме Македонија. Дојдовме, видовме, научивме. До следното лето, напиша популарниот Никола на социјалните мрежи.
Продолжениот престој на ЕП за македонската репрезентација и преслебата од Словенија во Франција, зависеше од исходот на дуелот во групата Ц меѓу Турција и Финска. Само победа на Турците ги водеше македонските одбојкари во осминафиналето на ЕП, каде требаше да патуваат во Нант и да се соочат со француската селекција.
Финска со пресврт дојдоа до поскауваната победа од 3-2 во сетови против Турција и наместо Македонија од Љубљана отпатува за Нант.