Филхармонија почна со онлајн продажба на билети за новата сезона

Филхармонија на РСМ со радост најавува дека од денеска почна онлајн продажба на билети кои директно можат да се купат на веб-страницата www.filharmonija.mk.

Сите љубители на музиката, посетителите на настаните на Филхармонија, можат да купат билет преку веб-страницата на Филхармонија каде што и можат да се информираат и за условите и за начините на купување.

Новата концертна сезона на Филхармонија се отвора на 26. септември (четврток) во 20 часот со концерт на кој ќе биде изведена музичката поема „Така зборуваше Заратустра“, антологиско дело на Рихард Штраус.

На концертот насловен „Моќта на Заратустра“ како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Александар Мелников кој ќе се претстави со изведба на Бетовениот Концерт за пијано и оркестар број 1, едно од раните дела на композиторот во кое може да се почувствуваат никулци на музичката револуција која ќе ја иницираат неговите подоцнежни дела.

Со оркестарот ќе диригира Антони Вит, еден од највлијателните полски диригенти, добитник на наградата „Херберт вон Карајан“ во 1971 година.

Треба да знаете
Последни објави