Бугарскиот премиер Бојко Борисов повторно ја начна темата за „Јужен поток“ и изрази задоволство што почнува изградбата на „Турски поток“, пренесува „Новини.бг“.
„Знаете ли зошто беше прекинат „Јужен поток“? Во пракса, причината беше огромниот притисок од САД и од државите на Западна Европа и околу „Јужен поток“ и околу „Северен тек 2“ и тие ја оневозможија неговата реализација. Ние со рускиот претседател Путин и со премиерот Медведев и со колегите од Саудиска Арабија вложивме огромни напори и го почнавме „Турски поток“. Проектот е стратешки и ние го нарековме „Балкански поток“ зашто поминува низ неколку држави. И во Европа позитивно гледаат на него, “ рече Борисов.
Тој исто така изјави дека Бугарија нема сили да ги укине санкциите против Русија.
„Ако некој мисли дека тоа може да се подмести од место и дека може да се укинат санкциите, тогаш е во голема заблуда. Многу се за укинување на санкциите, но во Советот на Европа сите гласаат против“, посочи бугарскиот премиер.